Економија 03. март 2021. / 09:05

Млади лозари од Кавадарци ќе добијат договори за набавка на опрема за мали семејни винарии

Млади лозари од Кавадарци ќе добијат договори за набавка на опрема за мали семејни винарии

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска во Кавадарци ќе додели договори за „Млад земјоделец“.

Договорите се за набавка на опрема за мали семејни винарии.

Потпишувањето, како што е најавено, ќе биде во близина на воденицата во месноста Моклиште, кај лозовите насади на винаријата Македонски Параџик.