Целата автомобилска индустрија треба да се прилагоди на поголема несигурност, предвидлива контракција на заситените пазари низ светот и раст на само неколку пазари, но на пониски нивоа, пишува Виктор Мизо, извршен директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, во Колумна за Капитал.
Гледајќи ги глобалните предизвици и влијанијата на компаниите од автомобилската индустрија во Македонија, сметам дека идната година ќе биде година на раст и постепено враќање кон нормалата. Потенцијално е можно да се достигне (со мала шанса да се надмине) обемот на производство од 2019, спротивно на трендот во Европа, од неколку причини. Сите присутни компании (посебно оние кои работат на пазарот не повеќе од 5 години) се’ уште не го имаат достигнато оптималното искористување на својот потенцијал и се наоѓаат во фаза на раст и доинвестирање (пример: во КОСТАЛ ако 2019 ја завршивме со извоз од 38 милиони евра, планот за 2021 е над 105 милиони евра со дополнителни инвестиции), па така трендот на барање на поконкурентни производни локации може да доведе до дополнително локализирање и префрлање на производството кај нас во неискористените капацитети на веќе постоечките фабрики. Тука свој придонес ќе има и зголемениот обем на работа на компании кои пред се работат за премиум или клиенти со голема изложеност на електрични возила, пишува Мизо.
Дел од економските мерки од оваа година, кои по својата природа не се антикризни туку системски, како што е временото усогласување на царинските стапки по иницијатива на Асоцијацијата на странските инвеститори при Стопанската Комора, веќе имаат позитивно влијание и ги раздвижуваат процесите во индустријата. Дополнителната конкурентност која ќе произлезе од овој процес на усогласување на царинските стапки со оние во ЕУ мора да биде катализирана од зголемен и фокусиран ангажман на државните институции во подобрување на деловното опкружување и поддршка во решавање на проблемите на присутните инвеститори, вели тој.
Целиот коментар на следниот ЛИНК