Економија 10. март 2021. / 15:44

Министерството за земјоделство станува корона кластер!

Министерството за земјоделство станува корона кластер!

Министерството за земјоделство станува нов корона кластер.

Вработени во ова министерство реагираат дека има голем број позитивни,  но оти министерот и натаму инсистира тие секојдневно да одат на работа. До пред еден месец тие ротирале со работните обврски,  но сега се принудени секојдневно да бидат на работните места.

Затоа кај вработените постои голем страв и тие буквално се „затворени“ во своите канцеларии не сакаат никаков контакт со колегите ниту со странки.

Покрај тоа, вработените сведочат дека во тоалетите нема никакви средства за лична хигена па вработените се принудени да носат од дома.

Ова се случува во време, кога бројот на заразени од Ковид 19 е во постојан пораст, по што Владата одлучи да воведе и полициски час.

Иако во најголем дел од институциите вработените ротираат , тоа не е случај со Министерството за земјоделство од каде пак прашавме, но не добивме никаков одговор во врска со нашите прашања.