На денешната седница Владата му одобри на Министерството за здравство да започне постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на мамографи, за потребите на јавните здравствени установи во земјата, во вкупна вредност од 85.000.000,00 денари. Набавката треба да се реализира во фази во 2019, 2020 и 2021 година.
На предлог на Министерството за финансии Владата ја усвои Предлог – одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2019 година во висина од 9.225.000.000,00 (девет милијарди двестотинидваесетипет милиони) денари.