Економија 16. август 2018. / 10:27

Министерството за финансии ќе ги штити корисниците на осигурителни полиси

Министерството за финансии ќе ги штити корисниците на осигурителни полиси

Oсигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од 5 дена, сите измени кои ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна, велат од Министерството за финансии, во пресрет на измените и дополнувањата кои министерството ги направи во Законот за супервизија на осигурување.

Измените како што додаваат оттаму ,се со цел заштита на правата на потрошувачите, како и подобра информираност и поголема транспарентност. Во насока на обезбедување на целосно ликвидни средства за непречено сервисирање на обврските на друштвата за осигурување, предложено е дополнување на законот. Согласно предложената одредба, акционерскиот капитал на друштвото за осигурување мора да биде само во паричен облик и да биде уплатено во целост, стои во соопштението на Министерството за финансии.

Од особена важност за осигурителната фела, поточно актуарската професија, е предложената измена во законот со која се предвидува нов концепт за полагање на испитот за актуар. Досегашниот електронски начин на полагање се покажа како неприменлив во пракса, поради што и подолг период не се одржал испит за актуари“, се наведува во соопштението на МФ.

Ваквите измени и дополнувања на законот се веќе влезени и во собраниска процедура.