Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз, ниту камиони полни со македонска пченица се извезуваат во Косово. Министерството за економија ги демантира сите наводи во некои од медиумите дека во земјата има резерви на за само 26 дена.
-Апелираме до сите граѓани дека имаме доволно резерви на пченица и на брашно во државата. Дополнително Министерството за економија донесе одлука и ја достави до Владата за забрана за извоз на пченица и брашно во други земји, стои во соопштението од министерството.
Оттаму додаваат дека има контроли и инспекции на терен и нашите граници се осигурани.
Апелираат до медиумите да не објавуваат лажни вести кои согласно заклучок на Владата, посебно во ваква кризна ситуација во државата предизвикана од корона вирусот е казниво по Закон.