Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 956 640 лица, од кои вработени се 749 892, а 206 748 лица се невработени.
Стапката на невработеност изнесува 21.6 насто. Тоа е подобро од претходниот квартал кој изнесуваше 21,9%, како и подобро од истиот квартал лани кој изнесуваше 22,9%.