Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски посочува дека доцни предлог-буџетот за следната година.
Според Милошоски, тоа може да биде сигнал за два крупни недостатоци – дека Владата во предизборното брзање нема јасен концепт за буџетско насочување, како и за тоа дека двоецот Ангеловска и Анѓушев немаат капацитет да ги дефинираат приоритетите.