Антонијо Милошоски, Пратеник во Собранието на денешното свое обраќање за ребалансот на буџетот посочи дека не може да се има добар ребаланс од една Влада која во сопствените редови нема стабилна и постојано политика на буџетско планирање.
-На кратко би сакал да се осврнам за овој ребаланс за буџетот. Првата констатација е дека не можете да имате добар ребаланс на буџетот од една влада која во сопствените редови нема стабилна и постојана политика на буџетско планирање. Оваа старо-нова Влада смени досега три министри за финансии, ако имате влада која што има постојано планирање на буџетот имате и постојани актери кои што се докажани и Владата не се откажува така лесно од нив. Ако имате Влада која што талка во буџетските политики и ги менува зависно од неуспесите тогаш имате смени на три министри за финансии, едниот Тевдовски, втората Нина Ангеловска и сега Фатмир Бесими. Притоа морам да напоменам дека и премиерот Зоран Заев во тој вакум период се претстави себе си како министер за финансии кога немаше избор после Тевдовски. Она што е битно да се напомене дека имаше во владата и еден би рекол министер за финансии во сенка, Кочо Анѓушев кој си даде оставка и не е дел од оваа Влада што исто така е показател за негово верување или не верување во исправните буџетски политики на Владата, а по однос на капиталните инвестиции неуспехот на Владата истите да ги реализира на задоволително ниво мислам дека нема подобар знак и сигнал од самата смена на министерот за транспорт и врски, Сугарески каде што во тоа министерство е најчесто најголемата и најпотребната реализација на капитални инвестиции, но очигледно е дека во овој сегмент најмногу се потфрли, истакна Милошоски.