Економија

Милошоски: Г-н Анѓушев, ќе објасните ли кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, кој го ветивте пред изборите?

Милошоски: Г-н Анѓушев, ќе објасните ли кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, кој го ветивте пред изборите?

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, при неговото гостување во емисијата „Само Вистина“ доби прашање од пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски кое гласеше: Г-н Анѓушев, наместо да ги оптоварувате граѓаните со нови давачки, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите?

Еве што одговори вицепремиерот Анѓушев:

“Пред било која реформа да ја направите потребна е опширна анализа, таа анализа се прави во М. Финансии. На Економскиот Совет сме ја разгледувале и мислам дека министерството за финансии ќе излезе со таква анализа и ќе го каже ставот по тоа прашање. Не би можел конкретно да ви одговорам за таа реформа, сепак е во ингеренции на министерството за финансии, но да ги видиме анализите, да ги видиме математиките, тоа се однесува на граѓаните кои трошеле и плаќале ДДВ сметки, нешто да им се врати, на некој начин и да се зголеми фискалната дисциплина. Не би можел да кажам кога ќе биде тоа, но еве пак да потенцирам тоа е сепак во ингеренции на министерството за финансии, тие имаат тим кој работи на тоа прашање”