Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на средба со здравствените работници во Струмица порача дека партијата предвидува за 25% повисоки просечни плати во еден мандат, невработеност под 10 %, зголемување на пензиите и пониски даноци.
Мицкоски во објава на фејсбук напиша дека ќе се борат за секого, за докторите, за медицинскиот персонал, за просветните работници, за земјоделците, пензионерите.
– И додека во СДСМ функционира штаб за правење на кризи, во ВМРО-ДПМНЕ функционира штаб за правење на програма. Предвидуваме за 25% повисоки просечни плати во еден мандат, невработеност под 10 % или едноцифрена невработеност, зголемување на пензиите за 20%, и пониски трошоци за сите преку пониски даноци. Најнизок рамен данок во светски рамки од 10 на 8%, напиша Мицкоски.