Економија 13. февруари 2020. / 17:14

МФ: Димитриеска Кочоска има целосен увид во работата на министерството

МФ: Димитриеска Кочоска има целосен увид во работата на министерството

Дополнителната заменик министерка има целосен увид во работата на МФ – значаен дел од ресурсите на Министерството се посветени само на одговарање прашања Да, Министерството за финансии работи најтранспарентно – транспарентноста е на највисоко ниво од кога било. Делата се погласен говорник од зборовите, соопштуваат од Министерството за финансии.

За тоа може да оценуваат и граѓаните и јавноста пред која пред само неколку месеци беше отворен трезорот на државата https://open.finance.gov.mk/mk/home

За тоа зборува и новиот портал за реализација на капиталните расходи кој го лансиравме исто така пред неколку месеци. https://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/

За тоа зборуваат и другите бројни е-алатки, како што е граѓански буџет (http://budget.finance.gov.mk/), системот за пријавување и евидентирање обврски ЕСПЕО и ред други.

За транспарентноста на дело ќе зборува и новата платформа за јавен долг која се подготвува веќе извесно време во Министерството и која ќе претставува уште една алатка не само за транспарентност туку уште една алатка за борба против обидите за извртување на фактите за јавниот долг пред јавноста, велат од ресорното министерство.

Улогата на Министерството за финансии не е да води кадровска политика во Владата, туку да провери дали институцијата која има побарано согласност за вработување има обезбедено доволно средства во буџетот за да може да ги покрие трошоците за тоа вработување. Со оглед дека годишните планови имаат и поширок опсег од реално дадените согласности, дополнителната заменик министерка може да ги сподели бројките во јавноста. На крајот како заклучок: улогата на дополнителните заменици министри според законот е да обезбедат фер и демократски избори. Се надевам дека ќе се водиме од ова начело и дека одговорно пред граѓаните ќе ја алоцираме енергијата и ресурсите онаму каде што е потребно за доброто на граѓаните, велат од Министерство за финансии