Економија 05. октомври 2019. / 16:15

Мегалополиси во кои треба да работите повеќе од 10 години за да си купите дом

Мегалополиси во кои треба да работите повеќе од 10 години за да си купите дом

Цените на домовите во мегаполисите како Париз, Хонгконг и Ванкувер се зголемени за 150% од 2000 година па наваму. Едно истражување покажало колку години треба човек да работи во овие градови за да си купи стан

11 години Њујорк, Токио и Тел Авив

Големото Јаболко влезе во оваа категорија, по падот на пикот во 2006 година. Да се купи имот во Њујорк и сега е недостижно за голем број американци.

12 гoдини – Cингaпyp

Всушност, ова е понижување за Сингапур, со истражувањето од 2009 година , кога УСБ објави дека се потребни 14 години со добри приходи за да купите апартман. Цените се слични како пред кризата, но доходите на домаќинствата се зголемени за 20%, се вели во истражувањето.

14 гoдини – Лoндoн

Од УСБ сметаат дека бумот на пазарот на недвижности  е поминат, кога од 2016 година цените се намалија за 10% . Само во последните три месеци се намалени за околу 4%.

15 гoдини – Πариз

Во последното  истражување ба УСБ, Парис е посочен како европски град со највисоки цени , според средните доходи . Цените на недвижностите во моментов се историски највисоки.

21 гoдини – Xoнгконг

Најскапиот град за купување имот не е Северна Америка, ниту Европа. Хонгконг Цените таму се двојно зголемени за период од 2008 до 2018 година.