Од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија информираа дека во Владата се одржа шестата тракалезна маса меѓу Делегацијата на германското стопанство заедно со Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, д-р Кочо Анѓушев и економскиот тим.
Тркалезната маса се одржува на секое тромесечје и истата се покажа како успешен модел. Директната комуникација помеѓу стопанствениците, претставници на германски и македонски компании од преработувачката индустрија и тимот на Владата задолжен за економски прашања е од заемна корист. Компаниите ги доставуваат своите прашања, предлози, идеи како и проблеми со кои се соочуваат при работењето или изготвување на конкретен проект. Економскиот тим добива директна насока кои се моменталните приоритети на стопанството како и сознанија за конкретни одредби и мерки кои создаваат потешкотии во работењето во праксата на компаниите информираат од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија
Бидејќи стопанствениците на тркалезните маси доаѓаат од различни стопански гранки досега на некои од нив учествуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, како и директорот на Царина, Ѓоко Танасоски.
Досега се реши голем дел од проблемите, но и двете страни се свесни дека има уште голем број на предизвици кои треба да се премостат. Владата е свесна дека законот за царинско работење е истиот уште од времето на СФРЈ и дека треба да претрпи измени како и да се прилагоди на европскиот закон, истото важи и за Законот за работни односи, но вели дека за некои законски измени е потребно подолго време со цел да се најде најдоброто решение, некои законски измени се носат поради не толку големата комплексност многу побргу.Ние како Делегација на германското стопанство и во иднина ќе се залагаме за позитивен развој во стопанството и сметаме дека настаните како тркалезната маса како за стопанствениците така и за Владата се вин-вин, изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во С. Македонија.