Економија 10. април 2020. / 15:53

Маркетите што ќе работат без дозвола за време на полицискиот час ќе бидат санкционирани

Маркетите што ќе работат без дозвола за време на полицискиот час ќе бидат санкционирани

За време на полицискиот час Државниот пазарен инспекторат во секој град има дежурни екипи кои ќе вршат проверка на маркети кои работат и дали имаат соодветни дозволи, изјави директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

– Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани, нагласи Пауновски.

Тој појасни дека за сите угостителски објеки на кои е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, најпрво се доставуваат платни налози за глоба, па доколку не се платат во определениот рок, тогаш се упатуваат на суд.

– Што значи изречени казни се уште нема, меѓутоа дали ќе ги платат во рок од осум дена глобите или ќе одат на суд, тоа е право на самите субјекти, рече Пауновски.