Економија 30. ноември 2020. / 14:11

Маричиќ: Во наредните две години за 30 отсто помалку пари за политичките партии

Маричиќ: Во наредните две години за 30 отсто помалку пари за политичките партии

Бојан Маричиќ, министерот за правда, денеска во Штип рече дека со новиот предлог за изменување на Законот за финансирање на политичките партии што е усвоен од Владата се намалува финансирањето на политичките партии од националниот буџет за 30 отсто во наредните години.

Основата на овој закон лежи во тоа дека политичките партии треба да останат надвор од влијанието на бизнис секторот и затоа добиваат јавни пари. Меѓутоа за следната година и за таа потоа ќе се користи само 70 отсто од буџетот. Намалувањетоп за 30 проценти не може да се каже дека е малку, најави Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Пред две години на политичките партии од буџетот им беше овозможено од буџетот годишно да добиваат 4.5 милиони евра, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса. На сметка на зголемувањето сумата на државното финансирање, се намали сумата на донации што може да ја добиваат партиите.

Оваа година, поради ковид-кризата, наместо 0,15% од буџетот, политичките партии добија само 0,04%, или наместо 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила им беа исплатени само 71.480.556 денари пред парламентарните избори.