Економија 15. април 2019. / 13:42

Манчевски: Префрлувањето на административците во приватниот сектор ќе биде доброволно

Манчевски: Префрлувањето на административците во приватниот сектор ќе биде доброволно

Префрлувањето на вработените во јавниот сектор ќе биде во консултации со нив, вели министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски. Тој не открива за колкав број на луѓе станува збор, ниту кога ќе стапи на сила ова законско решение.

Нема потреба административците да се плашат од начинот на кој ќе биде спроведено тоа. Сѐ ќе биде доброволно, но факт е дека нешто мора да направивме во реформата на сиситемот и оптимизација на вработените во јавниот сектор. Ситуацијата не може да остане статус-кво, вели Манчевски.