Економија 21. јануари 2021. / 11:26

Малчески: Задолженоста е поголем проблем од корупцијата во Македонија

Малчески: Задолженоста е поголем проблем од корупцијата во Македонија

Во подкастот „Утро со Златев“, професорот Самоил Малчески ја коментираше изјавата на холандскиот амбасадор,  Дирк Јан Коп, дека Бугарија не е единствениот проблем, туку дека во Македонија треба да се реши проблемот со корупцијата.

Според него, поголем проблем од корупцијата е задолженоста на Македонија.

„Моментално отидовме над 60 отсто задолженост од БДП. Не можеме да кажеме точна бројка зашто ја кријат. Правеа бројчаници, не правеа бројчаници, па ѓи поништуваа , па триста глупости. Еден од критериумите после кризата во Грција, во Шпанија и во Португалија кој се наметна е задолженоста на  земјите кандидати да е под 60 отсто од БДП. Ние сме веќе длабоко влезени во рецесија“, додаде Малчески.

Тој потсети на извештајот на Рајнхард Прибе кој се однесува на итните реформски приоритети со конкретни препораки за дејствување, а според Малчески бил домашната задача за Македонија.