Изминативе неколку години, со одлука на Влада, за таксистите постојано се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС-уред, до крајот на годината. Со последната одлука, рокот за фискализација на таксистите е пролонгиран до 31 декември 2019 година.
„Само дел таксисти издаваат сметки од кои граѓаните може да направат поврат на ДДВ. Од УЈП објаснуваат дека таксистите се ДДВ-обврзници, но дел имаат, а добар дел немаат таксиметар поврзан со Управата за јавни приходи“, пренесува Независен весник.
Тоа значи дека само сметката од таксиметар на која има бар код може да ја скенирате за да добиете враќање на дел од платениот ДДВ за превозот.