Граѓаните се поретко ја одбираат варијантата од 10 дена одмор, а ги преферираат кратките викенд престои.
Од туристичките агенции велат дека е намален интересот за пакет-аранжмани од 10, 12 или 15 дена. Наместо тоа, сè повеќе се оди на викенд-варијанта или, пак, краток престој од 4-5 дена.
Кај младите, пак, поактуелни се класичните патувања на подалечни дестинации за кои неретко се подигаат кредити. Ова лето најпривлечни се Италија и Португалија.