Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во соработка со институциите нејзините членки ги превземаат сите потребни активности за да им излезат во пресрет на потребите на клентите корисници на банкарските услуги од „ Еуростандард банка” АД Скопје.
Според нив, вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи имаат можност да изберат една од нивните членки преку која би сакале во иднина да ги добиваат приливите на парични средства.
Воедно потенцираме дека пензионерите и корисниците на парични права требасамо да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава. И не само за депозитните, банките и штедилници се отворени за рефинансирање и на кредитните производи на клиентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во согласност со нивните деловни политики, велат оттаму.