Економија 13. март 2021. / 17:15

Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

Владата ја разгледа и усвои потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Македонија во овие меѓународни проекти.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25 отсто удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А. – се наведува во соопштението на владината прес-служба.

За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се „НЕР АД“ Скопје и „АД ЕСМ“ редовно да ја информираат Владата.