Според најновите податоци на Државен завод за статистика Македонија во првиот квартал има раст на БДП само од 0,1 %.
Македонија споредена со другите земји и според податоците од Еуростат е на дното кога станува збор за раст на економијата.
Така според податоците на Еуростат растот во q1 2018 година во Србија изнесува 4,6%, во Бугарија 3,5%, Чешка Република 3,7% Естонија 3.6%, Полска 5.1%, Словенија 4.6%, Унгарија 4.4% односно Република Македонија со остварените 0.1% се наоѓа на последно место во Европа.