Земјава за само една година падна за дури 23 позиции според Глобалниот индекс на иновации на Светската асоцијација на интелектуална сопственост. Годинава Македонија се најде на 84-то место, тоа значи дека дури 83 економии се пред нашата.
Сите земји од регионот се пред нас.
Најдобро рангирана на Балканот е Бугарија која се најде на 37-мото место, следи Хрватска на 41-вото место, Црна Гора на 52-рото, Србија на 55-то, па дури и Албанија која е рангирана едно место пред Македонија на 83-та позиција.
Со милионски суми македонскиот Фонд за иновации и технолошки развој сака да ги поддржи новитетите на претприемачите, но резултатите изостануваат. И покрај редовните повици за стимулирање и комерцијализација на иновации, за нови технологии, за финансиска поддршка на старт – ап и спин-оф компании, македонските фирми недоволно ги искористуваат парите што им се на располагање.
20-тината проекти кои досега се финансирани се претежно од ИТ индустријата. Фирмите не искористиле ниту 10 милиони евра од парите што им се достапни преку проектот за поддршка од Светска банка.
Според Глобалниот индекс на иновации , на прво место е Швајцарија, по што следуваат Холандија, Шведска, Британија и Сингапур.
Најголем скок на листата имаше Кина која за првпат влезе во ТОП 20 најиновативни компании, додека САД покажале послаби резултати и паднале од 4-то на 6 мест