Економија 23. април 2018. / 15:12

Македонија ќе се задолжи за нови 55 милиони евра

Македонија ќе се задолжи за нови 55 милиони евра

Министерството за финансии планира утре да се задолжи за нови 55 милиони евра, ова е второ задолжување овој месец.

На официјалната страна на МФ закажана е аукција на државни хартии од вредност во вкупен износ од 3 милијарди и 400 илјади денари. Така за утре е закажана аукција на 30 годишни државни обврзници со девизна клаузула од 1 милијарда денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2 милијарди и 400 илјади денари. Оваа сума претворена во евра изнесува 55,2 милиони евра.

Ова е второ задолжување на владата за овој месец. Првиот пат на 3 април Македонија се задолжи за 29 милиони евра.

Нето долгот од доаѓањето на новата власт се зголемил за 566 милиони евра. Експертите предупредуваат ако продолжи ова темпо на задолжување ќе имаме сериозни проблеми кога тие долгови ќе треба да се враќаат, а ќе растат и парите кои ќе ги даваме за камати.

И покрај новите задолжување македонската економија ќе забележи оваа година и следните години најмал економски раст споредено со земјите од Западен Балкан.