Економија 09. февруари 2021. / 14:06

Лукаревска: Направен е повраток на „Викенд без ДДВ“, освен во случаи со проблеми во трансакциската сметка

Лукаревска: Направен е повраток на „Викенд без ДДВ“, освен во случаи со проблеми во трансакциската сметка

УЈП треба да врати околу 382 милиони денари или 6,1 милион евра, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

Таа информира дека повратот на ДДВ од мерката „Викенд без ДДВ“ е исплатен, освен во случаите каде што има проблеми со трансакциската сметка.

– Во делот на оние 5000 корисници на „Мој ДДВ“, неопходно е да се направи корекција, доколку одредени лица смениле банка – рече Лукаревска.

Таа најави дека наскоро ќе биде промовирана и новина во делот на „Мој ДДВ“, која што ќе се однесува на самиот систем ЕПДД.