Економија 27. април 2020. / 22:17

Левица: Анѓушев крши работнички права за време на корона!

Левица: Анѓушев крши работнички права за време на корона!

Партијата Левица објави список фирми кои биле пријавени за кршење на работничките права минатиот месец.

Помеѓу пријавените компании е и Брако и Кастинвест,  фирмите на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев .

Други од имињата се ЈСП, Здравствен дом-Свети Николе, како и странските компании Дрекслермаер и Кромберг и Шуберт.

„Она што може да се констатира е дека економската криза експлицитно ја покажа целата ригидност и импотентност на институциите да ги заштитат работниците, со оглед на тоа што и покрај секојдневите скандали со бркања на работници, ниту една фирма сѐ уште не е казнета! Со години правните механизми за заштита на работниците се редуцираат од страна на политичките елити во спрега со олигархијата, чиј директен резултат е легализирање на експлоатацијата – каде работникот претставува потрошен ресурс на пазарот за максимизирање на профитите на моќниците“, пишува Левица во дел од објавата на „Фејсбук“.