Финансирање на пазарно ориентирано и квалитетно стручно образование и обука е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.
На конференцијата ќе се обратат заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, заменик-амбасадорот на Швајцарија во државава Стефан Томаџан и координаторот на Европската тренинг-фондација за државава Филипо дел Нино.
Конференцијата е во организација на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Швајцарија во државава и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, кој ќе биде посветен на изнаоѓање нов модел на одржливо финансирање на стручното образование и обука во земјата.