Не 2 – туку 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците – тврдат за „Телма“ владини извори. Се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои денеска треба јавно да се објават. А меѓу нив има и еден медиум.
УЈП првично објави дека 4.500 компании злоупотребиле над 2 милиони евра, но податоците до кои дојде „Телма“ покажуваат дека расте и сумата, но и бројот на компании кои чии газди државните пари за исплата на минималец за работниците си ги ставале во џеб. А по бурните реакции во јавноста Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите. Па така покрај тоа што ќе ги вратат парите за плати кои ги зедоа од државата и тоа со камати, ќе заработат и парични казни, а може да завршат и во затвор од 1 до 10 години.
Gи чекаме податоците од УЈП по што јавно ќе ги објавиме имињата на компаните кои не ги исплатиле платите на работниците кои ги добија од државата. Ќе побараме од обвинителството покренување на постапка за утвдување на кривична одговорност против одговорните лица во комапниите – изјави Рашкоски за „Телма“..
Но, работниците за сега ќе останат со кратки ракави. Платите кои им ги присвоиле газдите, ќе можат да ги добијат дури кога ќе завршат судските постапки. За сега не се планира некаква владина интервенција.
Преку судски спор. Судот со пресуда ќе треба им наложи да им ги исплатат – изјави Рашковски.
И според професорката Мирајна Најчевска, многу тешко рабоптниците ќе додат до своите плати. Има три можности, но ниту една не е реално можна во моментов.
Првата е после добиениот кривичен спор работниците самите да покренат граѓанска постапка и да си ги барата парите. Втора е Владата во оставка да донесе нова уредба со која парите кои ќе ги повлече ќе ги префрли директно на работниците, но и таа е тешко изводлива.
И постои една трета можност доколку Кривичниот суд сака во самата постапка самиот да пресуди во корист на работниците, односно да им бидат исплатени тие пари. Мислам дека многу тешко работниците ќе ги добијат овие пари – изјави Најчевска.
Околу 80 милиони евра добија газдите за три месеци да исплатуваат минималец од 14.500 денари за работниците. Иако синдикатите реагираа дека е подобро парите државата директно да ги префрла на сметките на работниците, сепак Владата одлучи парите да легнат на сметките на компаниите, кои потоа треба да ги префрлат на вработените.
По информациите дека има злоупотреби со дравната помош, жестоко реагираа синдикатите и експертската јавност. Побараа кривична одговорност за газдите, но и парите наместо во државната каса, да завршат кај работниците.
Се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои треба јавно да бидат објавени, а меѓу нив има и еден медиум.
Управата за јавни приходи првично објави дека 4.500 компании злоупотребиле над 2 милиони евра.
Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите.