Владата ќе им прогледа низ прсти на најмалку 160 газди кои парите од државата за исплата на минималец за работниците прво си ги ставија во џеб, па ги исплатија. Од првичниот список кој броеше над 570 фирми, 158 во меѓувреме ги префрлиле парите, објави Телма.
Иако сите рокови за исплата одамна се завршени, сепак тие ќе се спасат од кривични пријави за злоупотреба на државни пари. Генералниот Секретатијат ќе чека до утре, и дури потоа, последниот пречистен список од УЈП ќе го достави до Обвинителството.
Ќе почекаме до утре УЈП да ни го прати пречистениот список и тој понеделник ќе го доставиме до Обвинителството. Тие кои исплатиле во меѓувреме нема да бараме да се гонат кривично – вели Драги Рашковски.