Странските инвеститори кои веќе подолго време работат во земјава бараат владата да ги намали царинските давачки. Од Маркард, Кромберт и Шуберт, Костал и американската Гентерм велат дека поради повисоките царини за одредени репроматеријали , нивните производи губеле на конкурентност. Тие веќе имале и средба со министерот за финансии Тевдовски на кого му посочиле дека дел од царинските ставки се далеку повисоки од оние во Европската Унија.
Дел од компаниите ги замрзнале плановите за проширување на своите инвестиции. Ќе почекале да добијат намалување на царинските тарифи, потврдуваат од германската стопанска комора во земјава.
И од министерствто за финансии потврдија дека била одржана средба со германските компании на која ги слушнале нивните барања. Но за тоа каква одлука ќе биде донесена ќе зависи од нивните анализи.
Доколку има промени во однос на нивните барања јавноста ќе бид информирана. Нашата цел е да создадеме подобри услови за сите компании како странски така и домашни, се вели во дописот од министерството.
Инвеститорите кои работата тука плаќаат двојни царини. Еднаш кога суровината ќе влезе во ЕУ, а другата кога се внесува во земјава. Во некои случај давачките се за 15% повиоски од оние во другите земји.
Со тоа краен производ на инвеститорите е многу поскап.
Намалените царини, споед претсзтевници на германската комора, би важеле за сите комоании во земјава, сеедно дали се домашни или странски и дали се во зоните или не