Економија 08. август 2018. / 11:17

Комерцијална банка АД Скопје и Балфин ја купуваат Тирана банка!

Комерцијална банка АД Скопје и Балфин ја купуваат Тирана банка!

Групацијата Балфин и Комерцијална банка АД Скопје со задоволство објавуваат дека потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка. Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје имаат долга историја на соработка во Република Македонија и ова е прва инстанца за заедничко работење во Република Албанија.

Купопродажната трансакција е предмет на соодветни регулаторни одобренија во поединечните јурисдикции.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен одбор и ќе продолжи да ги проширува активностите на банката во Република Албанија.

Тирана банка отсекогаш била клучна банка во финансискиот развој на Република Албанија и беше првата приватна банка која се појави на локалниот пазар. Со одлична репутација и вработени, Тирана банка е една од најдобрите банки во Република Албанија.

Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат да ја надоградат таа репутација и доверба од клиентите и понатаму да ги зголемат активностите на банката.