Економија 09. јули 2018. / 13:27

Кои земји може да бидат најтешко погодени од трговската војна?

Кои земји може да бидат најтешко погодени од трговската војна?

Инвеститорите кои го набљудуваат растечкиот конфликт меѓу САД и Кина, може да имаат причина да бидат загрижени дека страдањата од една трговска војна меѓу двете најголеми економии би можела да влијае на светскиот бизнис во општ план.

Според модел на економистите од „Pictet Asset Management“ во Лондон давачки во износ од 10% врз американската трговија, префрлени на корисниците можат да ја доведат глобалната економија до состојба на стагнација, а 2,5% од корпоративните профити можат да бидат избришани.

Но при проширувањето на трговскиот конфликт „тешко повредени“ нема да се само главните две вмешани земји, посочува агенцијата Ројтерс. Подеднаков ризик има и за економиите на голем број други земји, кои се длабоко интегрирани во глобалниот синџирот на вредноста, а сè почесто користени од компаниите за фрагментирање на производството на нивните стоки.

Во табелата се наведени земјите со нивното учество во светскиот синџир на вредности дефинирани од Светската трговска организација како збир на странската вредност на додадената вредност во извозот на земјата и додадената вредност на извозот на други земји.

Според податоците земји како Луксембург (70,8%), Тајван (67,6%), Словачка (67,3%), Унгарија (65,1%), Чешка (64,7%) и Јужна Кореја (62,1 %) се исто толку ранливи од ризикот од трговски конфликт, како двете земји во неговиот центар, ако не и повеќе.