Економија

Кочанскиот ориз најдобар без ГМО – нова современа технологија!

Кочанскиот ориз најдобар без ГМО – нова современа технологија!

Присутвото на ГМО во кочанскиот ориз измиатиот период предизвика загриженост кај потрошувачите.

Македонија е богата со плодна почва, која е во можност да произведе доволно производи кои го задоволуваат домашниот и странскиот пазар.

Македонските потрошувачи знаат да го препознаат квалитетот, поради ова од компанијата „Левидиагро“ велат дека чувствуват обврска да ги извести граѓаните дека во кочанскиот ориз нема ГМО и е целосно безбеден за исхрана.

– Безбедноста и квалитетот на нашиот производ е првата цел која се трудиме да биде исполнета на долгорочен план. Компаниијата „Левидиагро“ од самиот почеток во својата фабриката во Кочани инвестира во најновата технологија за обработка на ориз. Правата цел се достигнува со помош на модерната механизација која овозможува брза и ефикасна обработка на оризот. „Левидиагро“ на пазарот дистрибуира производ кој е набљудуван во сопствена лабораторија, со цел постојана контрола на квалитетот на оризот. Согласно со стандардот ISO 17025/2006 потврдено е дека нашето семе не содржи ГМО – изјави Јасмина Луканова, директор на „Левидиагро“.