Економија 16. август 2019. / 13:00

Книги од светски познати автори за само 100 денари: „Икона“ со најдобра понуда на „Ramstore Garage Sale“

Книги од светски познати автори за само 100 денари: „Икона“ со најдобра понуда на „Ramstore Garage Sale“

Македонската читателска публика има шанса за најниски цени да ги купи светски познатите класици во изнадние на англиски, македонски и српски јазик.

На штандот на еминентната издавачка куќа „Икона“ на настанот „Ramstore Garage Sale“, попустите достигнуваат и до 90% од продажната цена. Во понудата на „Икона“, може да се пронајдат дела кои оставиле траен белег во светската книжевност за само 80, или 100 денари.

Покрај класиците, издавачката куќа има и огромен асториман на белетристика, стручна литература, како и програма за подароци и сувенири.

Екипата на „Лидер“ на штандот на „Икона“ со топла насмевка беше пречекана од одговорната за односи со јавноста во „Икона“, Магдалена Стојамновиќ. Младата книжарка, ни објасни дека издаваачката куќа одлучила да продава книги по вака поволни цени, пред се за да помогне во зголемувањето на достапноста на книгите до обичниот граѓанин, со што значително би се зголемила читачката култура.

-Постои стереотип дека издавачката дејност е чист бизнис и борба за профит. Горда сум што работам во издавачка куќа, со луѓе кои над се имаат благородна мисија а таа е зголемување на читачката моќ во Македонија, едукацијата на популацијата е наш примарен мотив и ние нема да запреме се додека не го смениме фактот дека во Македонија во споредба со земјите од регионот се читаат најмалку книги по глава на жител. – рече Стојмановиќ.