Економија 14. април 2019. / 16:14

Климатските промени веќе удрија врз земјоделското производство

Климатските промени веќе удрија врз земјоделското производство

Климатските промени веќе удрија врз земјоделското производство. Финските експерти, кои деновиве беа на штипскиот Земјоделски факултет забележуваат дека поради промената на климата мора да се променат културите, но и да се создаваат хибридни сорти

Правиме три главни работи да го направиме нашето производство одржливо. Се свртевме кон органско производство, за што државата дава подршка земјоделците полесно да се преориентираат. Се обидуваме да ја одржиме природната рамнотежа на почвата без хемиски третман и третата работа е што користиме хибридни семиња што имаат способнст да се приспособат и на врнежи и на суша. Бидејќи конвенционалните се направени да функционираат во идеални услови, што сега ги немаме, вели професорката Аника Микелсон од финскиот Универзитет на применети науки.

Македонските експерти сметаат дека за да се справи земјоделството со климатските промени мора да се инвестира и во нови системи за наводнување, но и старите да се поправат. Едукацијата на земјоделците е неопходна за да се оринетираат кон органското производство..

Бранко Атанасов е единствен органски производител на јагоди и малини. Тој веќе ги применува препораките од експертите за да се справи со климатските промени.

Научниците алармираат дека источниот регион ќе биде еден од најпогодените од климатските промени. Затоа сметаат дека се потребни континуирани инвестиции во системите за наводнување и нови акумулациите, со цел да се обезбеди вода за пиење, но и за земјоделските површини.