Министерството за труд ги објави предложените измени на законот за исплата на платите со кои се овозможува зголемување на платите на вработените во јавниот сектор од 5 отсто како што беше најавено.
Главна цел на измените, велат од труд и социјала е да се овозможи поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор. Со измените се предлага зголемувањето да се реализира од септември годинава.
Работодавачот од ставот 2 и 3 на овој член при исплатата на платата за месец септември 2019 година утврденото право на плата за месец август 2019 година го зголемува за 5%, според законот.
Измените на законот, како што се посочува во предлогот, не се однесуваат на работодавачот кај кој повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост.