Економија 26. септември 2019. / 17:08

Ќе се ревидираат одбиени барања за инвалидски пензии

Ќе се ревидираат одбиени барања за инвалидски пензии

Продолжува голготата низ институциите на 59 годишниот Бане Најдовски од Ајватовци кој неколкупати го одбиваат за инвалидска пензија. Неговото семејство бара помош од Министерството за труд и социјална политика и денеска доставиле претставка адресирана лично до Мила Царовска, пренесува Сител.

Покрај решенија од ПИОМ дека Бане и покрај деменција, неколку прележани мозочни удари и дијабет е работоспособен, во документацијата до министерката има и нови медицински извештаи од специјалисти за неговата здравствена состојба.

Претставката за овој предмет е стигната и ќе биде разгледана. Во вакви случаи, МТСП бара од Фондот да одговори за наводите во претставката или бара од Фондот да изврши увид во предметот, по што лицето ќе добие одговор со конкретни насоки и препораки за понатамошно постапување во остварување на правото за пензија – велат од Министерството.

Овие денови претставка до Министерството за труд и социјала најави и 52 годишниот Ацо Јовановски од Скопје, кој трипати го одбиваат за инвалидска пензија иако има тешки последици по прележан мозочен удар во 2013 година. Во меѓувреме, Јовановски го чека и одговорот од Управниот суд до кого поднесе тужба поради тврдењето на Комисијата дека е работоспособен и покрај медицинските извештаи за неговото отежнато движење.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.