Раководителите на компаниите од преработувачката индустрија очекуваат во следните три месеци бројот на вработени во оваа индустрија да се намали, покажува истражувањето на Државниот завод за статистика за деловните тенденции во преработувачката индустрија.
Понеповолни очекувања раководителите на компаниите имаат и за обемот на производството во следното тромесечје.
Најголемо ограничувачко влијание врз обемот на производство, според нив, има недостигот на работна сила со 28,8%. Втор ограничувачки фактор за обемот на производство е недоволната домашна побарувачка (14,7%), следат недоволната странска побарувачка (14,6%) и неизвесното економско опкружување (10,4%.)
Преработувачката индустрија е најголем вработувач во Македонија каде се вработени близу 145 илјади лица.