Економија 04. мај 2018. / 13:04

Китев: Со законот за финансиска поддршка СДСМ создаде подобри и еднакви услови за домашните и странските компании

Китев: Со законот за финансиска поддршка СДСМ создаде подобри и еднакви услови за домашните и странските компании

Собранието на Република Македонија вчера на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Според пратеникот на СДСМ Бетијан Китев со овој закон СДСМ и коалицијата овозможија подобри и еднакви услови за поддршка на домашните и странските компании, со цел да се обезбедат економски раст, развој и повисоки плати.

-Пратениците од парламентарното мнозинство го усвоија Законот за финансиска поддршка, чија основна цел е преку поддршката на инвестициите да се зголеми конкурентноста на македонските компании, за тие да можат рамноправно да учествуваат и на меѓународниот пазар, изјави Китев.

Финансиските средства за поддршка на инвестициите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за оваа 2018 година обезбедени се 18,3 милиони евра.