Економија 14. октомври 2020. / 13:38

Казнети 15 трговци за време на Викенд без ДДВ

Казнети 15 трговци за време на Викенд без ДДВ

Пазарните инспектори за време на Викендот без ДДВ констатирале 15 прекршоци на Законот за трговија и за заштита на потрошувачите. Кај нив е констатирано дека цените на производите внесени во трговските книги не биле исти со истакнатите цени во малопродажбата.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција соопшти дека за време на спроведување на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат извршиле контрола во насока на тоа дали цените на производите внесени во трговските книги соодветствуаат со оние што се истакнати, а со цел да се спречи можна манипулацја со цените.

При спроведените контроли, соопшти таа, пазарните инспектори констатираа 15 прекршоци на Законот за трговија и заштита на потрошувачите.

Викендот без ДДВ се спроведе изминатиот продолжен викенд на 10,11 и 12 октомври, кога како дел од четвртиот сет економски мерки на Владата,, граѓаните имаа можност за купени македонски производи и услгуи и компјуерска опрема да го добијат назат целиот износ на пресметаниот ДДВ на фискалната сметка за таквиот производ или услуга.

Инаку, очекувањата на Владата за ефектите од оваа мерка не се остварија, барем според податоците кои вчера ги објави Управата за јавни приходи. Наместо очекуваните 17 милиони евра да се вратат во џебовите на потрошувачите, од поврат на целиот ДДВ кај нив се слеале нешто повеќе од еден милион евра.