Непосредно пред судската разврска на кавадаречкиот металопреработувачки комбинат, стигната е и првата понуда за негово превземање.
Во понудата од бугарската компанија Минстрој, во целост се намируваат побарувањата на сите стечајни доверители. „Доколку овој суд одлучи стечајната постапка да продолжи со впаричување на имотот, Минстрој изјавува и гарантира дека кога ќе стане сопственик нема да го сопре работниот процес на комбинатот, туку напротив ќе придонесе за континуитет во рамките на законските можности, на начин што ќе ги покрива сите неопходни трошоци за непречено работење“, пишува во понудата.
Бугарската компанија гарантира задржување на сите сегашни вработени и редовна исплата на плата, нови инвестиции, ремонт на едната електропечка која сега не работи, набавка на резервни делови за постоечката опрема и набавка на нова опрема, зголемено производство, експлоатација на домашна руда од рудникот Ржаново, 300 нови работни места во рудникот, воведување на највисоки еколошки и заштитни стандарди… или 120 милиони евра вкупна инвестиција во комбинатот ФЕНИ.