Катастрофата на сметководствената професија!
Во екот на подготовката и поднесувањето на годишните сметки, катастрофата која и’ се случи на сметководствената професија во Република Македонија одново се заканува да го задуши целокупниот бизнис и деловен сектор во нашата држава и тоа под диктат на Министерството за финансии.
Ниту еден професионалец од Република Македонија не може да остане имун на на квази измените на законските решенија за сметковоството и ревизијата, бидејќи неколку клучни елементи укажуваат дека целокупната поставеност на сметководството и ревизијата во нашата држава е во тотална спротивност на принципите на меѓународното право, професионалните стандарди и професионалниот интегритет и независноста во вршењето на сметководството и ревизијата, поради “квалитетот” за дадените консултантски услуги.
- Законот за ревизија, е во целосна спротивност со Директивата за ревизија 2006/43/EK, Директивата за ревизија 2014/56/ЕУ и Уредбата за ревизија 537/2014 на Европската Унија. Ова е затоа што овие акти на Европската Унија, бараат да се зајакне системот на надзор над ревизорите, во насока на тоа да регулаторното тело – Советот за унапредување и надзор на ревизијата (во понатамошниот текст: СУНР), да спровдува дирекетн надзор на овластените ревизори, а посебно на оние кои вршат ревизија на правни лица од јавен интерес. Спротивно на сето ова, “стручниот кадар” од Министерството за финансии бара на СУНР да му се даде надлежност да спроведува јавен надзор над сметководството, преку директен инспекциски надзор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (во понатамошниот текст: ИСОС) со можност СУНР како владнио тело, во секое време, да може ги разреши легитимно избраните органи на ИСОС (читај политика наместо професија и тоа молим лепо пар екселанс воведување административни бариери и политичка партизација на кадрите во СУНР, на штета на деловниот живот на ентитетите);
- Предлог Законот за вршење сметководсвени работи што “стучњаците” од Министерството за финансии го доставија до Собранието на Република Македонија, предвидува директен државен интервенционизам во професијата, што е спротивно на чл. 11 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи на Советот на Европа, според кој, секој има право на мирно собирање и слобода на здружување со другите, и спротивно на Европската конвенција 124 за признавање на правна личност на меѓународните невладини организации и за пожелноста да се прошири бројот на нејзините договорни страни. Чл. 72 од овој предлог Закон предвидува дека мандатот на сите легитимно избрани членови на ИСОС претстанува со денот на влегувањето во сила на овој Закон. На извршната власт, Министерството за финансии, му се овозможува во соработка со СУНР да се состави “независна” комисија која ќе избере ВРЕМЕН ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИСОС кој ќе работи под директен дикатат на Министерството за финансии. Со ова се прекинува правниот контитуитет ИСОС, што е спротивно на Директивата за сметководство 2013/43/ЕУ, бидејќи надлежносите на ИСОС се доведуваат до корелација и регресија со надлежностите на СУНР (што си нема никаква врска бидејќи СУНР и ИСОС регулираат различна професионална материја). Така, во колизија со Етичкиот кодекс на професионалните сметководители на IFAC, се озаконува судирот на интереси при обавувањето на сметководствените услуги наспроти вршењето ревизорските услуги, што е спротивно на Директивата за ревизија 2006/43/EK и Директивата за ревизија 2014/56/ЕУ, затоа што ЗА РЕВИЗОРИТЕ НЕМА ЛИСТА НА ЗАБРАНЕТИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ ИЛИ УСЛУГИ. На ИСОС му се предлагаат надлежности во иднина да врши директна инспекциска контрола на сметководителите, спротивно на основниот принцип на доверливост од Кодексот на етика на IFAC, без компетентен кадар за инспекциски надзор. Предложеното законско решение им дава можност на некомпетентни лица да вршат сметковдствени работи, без да бидат членови на ИСОС, без да носат одговорност на нивната непрофесионална работа, ниту пак да бидат подложни на континуирано професионално усвршување, или полагање на испитот за иницијален влез во професијата – фризери, шнајдери, државни административци, даночни инспектори, а со посебен акцент на ревизорите… Овде би нагласиле дека во тековниот Закон за ревизија нема дефиниција за мрежи на ревизорски фирми, и со тоа се отвара светол пак кон поголема корупција во државата, а на штета на јавниот интерес;
- “Професионалците” од Министерството за финансии, си планираат и да ги зголемат обврските за финансиско известување посебно на микро и малите интетети “без да им текне” дека со тоа ги отежнуваат можностите и ги зголемуваат трошоците за правење бизнис во нашата држава. Реформите во финансиското известување треба да се прават во насока на олеснување на можностите за правење бизнис, со крајна цел намалување на сиромаштијата. Директната инспекциска контрола на сите сметководители, во опфат како што е предлогжена во предлог Законот, ќе има за последица да го истисне најголемиот работодавач во државата – микро и малите ентитети. Тоа е во целосен судир со Директивата за сметководство 2013/43/ЕУ, која бара да земјите воведат посебни режими за финансиско известување на микро и малите ентитети. Како што се подразбира од Директивата, препорака е на секоја држава да формира национално тело, кое континуирано ќе работи на ажурирање на микро режимот и тоа не може да се постави одвоено од преводот и ажурирањето на МСФИ. Спротивно на сето погоре наведено, како што се предлага во законското решение (хахаха преводот на МСФИ да се изврши до 30.06.2020 година – дал да плачам ил да се смеам), постои ризик ажурирањето и преводот на МСФИ да се изврши од страна на некопетентни луѓе, без доволно кредибилни процедури, со сомнителни постапки за избор на лицата кои ќе во вршат преводот или “консултантите” кои ќе го поддржуваат процесот на превод и ажурирање на МСФИ (читај озаконета корупција);
- Соработката помеѓу ИСОС и останатите професионални здруженија и финансиски регулатори е малтене елиминирана, или сведена до степен на тоа дека СУНР треба да врши директен инспекциски надозр над работата на органите на ИСОС преку увид во сите акти на ИСОС, како што се меморандумите за соработка, апликациите за членство во IFAC и слично, а функционирањето на ИСОС ќе биде зависно од давањето согласност на сите акти кои се од витално значење за професијата. Овде прашањето е како сето тоа ќе се врши кога СУНР не е компетентен да врши надзор над работата на ИСОС, ниту пак е компетентен да врши јавен надзор на сметководствената професија. А СУНР си има и сериозни проблеми – осудено лице е поставено за претседател, кривични пријави за поранешни претседатели на Институтот на овластени ревизори (Б. А.), сомнителнен избор на членови во СУНР (З. Б. Л. и Н. М.) кои се стекнале со огормен износ на противправна имотна корист – 716 илијади денари, како што објавија медиумите и секако “груперката” во Министерството за финансии си молчи за сите овие скандали, бидејќи повеќе е загрижена за “дрвата” во јавната администрација отколку за професијата.
- Предлог Законот за вршење сметководствени работи, предвидува иницијална испитна постапка, спротивна на Меѓународниот страндард за едукација 2, без соработка со универзитетите и институциите за стручно и практично образование на сметководителите; и
- Предвидена е контрола на сметководителите, без јасни стручни кавлификации на инспекторите, и без соодветна инспекциска методологија…
Чиј е интересот за сето погоре наведено?
Кому му одговара насилното, нетранспарентното и непринципиелното носење на два предлог Закони, кои во моментот се во собраниска процедура:
- Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија; и
- Предлог Законот за вршење сметководствени работи?
Ве поздравува,
Сметководителот Ревизор