Економија 26. јули 2018. / 11:52

Катастрофална реализација на капиталните инвестиции во првото полугодие од 2018

Катастрофална реализација на капиталните инвестиции во првото полугодие од 2018

Не сопира лошата реализација на капиталните инвестиции.Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во првата половина од годинава потрошени се едвај 16, 6  % од предвидените пари за изградба на патишта, училишта или 65,3  милиони евра од 392 милиони планирани за оваа година, што претставува најмала реализација во последните 10 години. Во јуни, за капитални проекти се потрошени само 11 милиони евра.

Причината за слабата реализација на капиталните инвестиции владата досега ја лоцираше во проектите кои биле полни со грешки направени од претходната влада па инвестициите морале да бидат сопрени.