Економија 26. декември 2019. / 09:15

Катастарот ќе промовира регистар на имоти одземени поради долг

Катастарот ќе промовира регистар на имоти одземени поради долг

Агенцијата за катстар на недвижности ќе промовира Регистар на преземени недвижности наменети за продажба, односно имотите што се одземени поради долг.

Новината за граѓаните и инвеститорите што се воведува во државава ќе ја претстави на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.

Законски услови за воспоставување и водење на овој регистар се создадени со последните измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.