Економија 17. април 2018. / 12:13

Каналите во катастрофална состојба: Земјоделците од Тиквешијата без вода ќе ја почнат сезоната

Каналите во катастрофална состојба: Земјоделците од Тиквешијата без вода ќе ја почнат сезоната

Каналите на Водостопанство Тиквеш се во катастрофална состојба, ниту се исчистени,полни се со земјен нанос, вегетацијата од капини не е искастрена, а сифоните и цевководите се целосно хаварисани.Пумните станици се во таква состојба што оваа година земјоделците од таканаречените горни зони речиси и да не очекуваат вода за наводнувањe – обвинија на денешната прес конефереција од ОК на ВМРО- ДПМНЕ Кавадарци.

-Денеска согласно законот за водостопанство а и по барање на жителите на селата од Возарци до Курија,од Дреново до Виничани,од Сопот до Демир Капија требаше официјално да почне поливната сезона, меѓутоа прашање е дали и после еден месец оваа неспособно раководство на Водостопанство Тиквеш ќе овозможи да протече вода низ каналите.И кога евентуално би протекло вода после еден месец истата ќе биде неквалитетна бидејќи талогот речиси и е невозможно да се исчисти во овој период, додаде член од Оштинскиот комитет. – рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според кавадаречкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од сигурно е дека жителите петте општини во овој регион; Кавадарци, Росоман,Градско Неготино, Демир Капија навреме нема да добијат вода за наводнување

-Со овие чекори им се нанесува и штета на производителите на градинарски култури, како и житариците.Меѓутоа наскоро ќе претрпат штета и производителите на праски на бостан и на многу други земјоделски култури.Сето ова отвора сомнеж дека станува збор за незаконско делување,кое би требало да биде санкционирано. – велат од партијата.