Економија 21. март 2020. / 07:45

Камионите кои немаат дозвола од Санитарниот инспекторат ќе се пропуштаат, ама мора да извадат дозвола до 24 март

Камионите кои немаат дозвола од Санитарниот инспекторат ќе се пропуштаат, ама мора да извадат дозвола до 24 март

Професионалните возачи на товарни возила кои влегуваат и излегуваат од државата, а не поседуваат дозволи издадени од Санитарниот и здравствен инспекторат ќе бидат пропуштени на граничните премини, но мора дозволата да ја обезбедат најдоцна до 24 март.

Ваква одлука донесе вечерва Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски.

– На предлог на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Владата заклучи да се измени Заклучокот под реден број 5 од Дваесеттата седница на Владата, одржана на 16 март 2020 година и да гласи – Професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат и излегуваат од Република Северна Македонија, а кои не поседуваат дозволи издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да бидат пропуштени на граничните премини при влез и излез, но истите се должни да ја обезбедат и приложат дозволата не подоцна од 24 март 2020 година, се наведува во соопштението од Владата.