Економија

Камен темелник на нова инвестиција во Марино-Кадино за ПВЦ столарија

Камен темелник на нова инвестиција во Марино-Кадино за ПВЦ столарија

Компанијата „Лаки Лазо“ во индустриската зона Марино-Кадино почна со изградба на погон за ПВЦ столарија и канцелариски простор на површина од 1.000 квадратни метри.

Станува збор за инвестиција од околу 400 илјади евра која што ќе овозможи отворање на 15 нови слободни работни места.

Економска зона Марино-Кадино е на површина од 115 хектари со 50 градежни парцели на познати инвеститори, на која досега се изградени 20 стопански објекти, 15 интензивно се градат и се во завршна фаза, а за 15 градежни парцели во тек е подготовка на техничката документација за изградба на стопански објекти.