Економија 03. мај 2018. / 13:11

Како Леброн Џејмс заработи 26 милиони евра од Ливерпул?

Како Леброн Џејмс заработи 26 милиони евра од Ливерпул?

Леброн Џејмс освен што е добар кошаркар, е и добар инвеститор.

Леброн Џејмс во 2011 година инвестираше 6,5 милиони евра за купување на два проценти од вкупните акции на клубот, кратко време откако „Фенвеј Спортс“ групацијата стана мнозински сопственик во клубот.

Со доаѓањето на Јирген Клоп се поправи имиџот, се подобрија резултатите, а со самото тоа порасна и вредноста на клубот. Како што тврдат британските медиуми, актуелната вредност на Ливерпул на пазарот ја надмина границата од 1,5 милијарди евра, па моментните акции на Леброн вредат 32,5 милиони евра. Одлична заработка, петкратно поголема од вложувањето.