Идната година ќе се комплетира ветерниот парк кај Богданци.
Ќе бидат инсталирани нови 4 турбини за што државата обезбеди 18 милиони евра од германската КХВ банка. Ветерниците кај Богданци ги посетија претставници на косовската Влада која планира по примерот на Македонија да подигаат ветерен парк и во Косово.
Македонските енергетски власти најавуваат ветерници кај Миравци и соларна централа кај Осломеј.